СО ДОНАЦИЈА ОД ХАЛКБАНК, ГРАД СКОПЈЕ ГИ РЕКОНСТРУИРА СИТЕ 19 МОСТОВИ ВО ГРАДСКИ ПАРК 2 24.4.2020
![]() |
![]() |
![]() |
За првпат по неколку децении, Град Скопје со донација од Халкбанк целосно ќе ги реконструира сите 19 пешачки мостови во вториот дел од Градскиот парк.
![]() |
![]() |
![]() |
Обновата на мостовите почна денеска и ќе опфати замена на дрвените подови со нови, поквалитетни дрвени материјали отпорни на климатски влијанија, премачкување на металните површини со боја што овозможува заштита од корозија, поставување рампи за велосипедисти и лица со посебни потреби и други зафати кои ќе ги направат овие мостови побезбедни за користење, подолготрајни и естетски поубави. Активностите за обнова на мостовите се очекува да завршат за два месеца.
![]() |
![]() |
![]() |
- Ваква реконструкција на сите мостови одеднаш не е направена никогаш досега. Упатувам голема благодарност до Халкбанк како општествено одговорна компанија којашто излезе во пресрет на Градот Скопје за да ја спроведеме заеднички оваа акција. Нашата цел е на граѓаните да им овозможиме да уживаат во Градскиот парк, а кога ќе преминуваат преку овие мостови да се чувствуваат безбедно. Скопје е град што вложува во својот развој и покрај тешките услови. Пандемијата ќе помине, а животот ќе мора да продолжи. Да го дочекаме продолжувањето на животот со што подобра инфраструктура и во Градскиот парк и на нашите улици – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на градежните работи за обнова на мостовите во Градскиот парк.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци









