Продолжува изградбата на нови улици во општина Ѓорче Петров – 5 улици во Кисела Јабука за првпат добија асфалт 24.6.2022
Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве целосно асфалтираа пет улици во населеното место Кисела Јабука во општина Ѓорче Петров. Асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4 и 6. Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат.
Во рамките на тековните градежни активности, асфалтирана е вкупна површина од 2470 квадратни метри, а употребена е околу 400 тони асфалтна маса.
Градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор се одвиваат со забрзана динамика. Во овие пет населени места во општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу 5 километри.
Градот Скопје за оваа меѓуопштинска соработка одвојува 4 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
