ПАНДЕМИЈАТА СО ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ 24.7.2020
На наредната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува шестмесечниот извештај од работењето на ЈП „Градски паркинг“ за периодот од 01.01.2020 година до 30.06.2020 година, кое бележи значајно намалување на приходите споредено со истиот период минатата година.
Билансот на успех за периодот од 1 јануари до 30 јуни покажува дека приходите на претпријатието се намалиле за речиси 30% во однос на истиот период минатата година. Намалувањето, во голема мера се должи на падот на оперативните приходи - приходи од паркирање и приходи од отстранување на непрописно паркирани возила како последица на здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид19.
Во периодот на вонредна состојба паркинзите функционираа со намален обем на работа, што е случај и кај пајак-службата.
ЈП „Градски паркинг“ во целост и навремено врши исплатување на даночните обврски кон државата, платите на вработените и обврските кон добавувачите.
Шестмесечниот извештај од работењето на ЈП „Градски паркинг“ ќе се разгледува на педесет и третата седница на Советот на Град Скопје што е закажана за 28 јули 2020 година, вторник. И оваа седница на Советот ќе се одржи преку конференциска врска.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
