НОВАТА ВЕЛОПАТЕКА НА ПАРАПУНОВ ПОВРЗУВА 5 ПОСТОЈНИ ВЕЛОПАТЕКИ ВО СКОПЈЕ 24.12.2020
Градот Скопје денеска и официјално ја стави во употреба велосипедската патека на улицата Никола Парапунов која беше реконструирана оваа есен, како дел од градежната офанзива за 2020 година.

Оваа велосипедска патека е во должина од 580 метри и претставува важен конектор на двете главни велосипедски рути во Скопје кои се протегаат по должината на булеварите Партизански одреди и Илинден.

- Овде изградивме велосипедска патека која е четврти конектор меѓу Илинденска и Партизанска. Три конектори се направени во последниве две години, како што го развивавме проектот „Вело Скопје“. Инвестирајќи во велосипедските патеки, годинава успеавме да надминеме 100 километри велосипедски патеки во нашиот град – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Оваа патека, додаде Шилегов, е всушност добар мотив сите заедно да почнеме да работиме на измена на нашите навики, наместо автомобил да користиме велосипед, зашто тоа е побрз и поздрав начин на движење, а во услови на пандемија и попрепорачлив начин на движење.

- На локалните жители кои дел од овој простор го користеа како паркиралиште, им поделивме флаери и ги замоливме да не навлегуваат со своите возила на велосипедската патека. Сега засега е коректен односот на граѓаните, но ако видиме дека тоа не ни успева ќе почнеме најпрво со опомени, а потоа и со казнување. Подготвени сме и физички да ја одделиме оваа патека, со столпчиња – додаде Шилегов.
На отворањето на новата велопатека на улицата Никола Парапунов денеска присуствуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и в.д. директорот на ЈП „Улици и патишта“, Бобан Црничиќ.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
