Градски паркинг со санкции за 70 непрописно паркирани возила на јавни површини 25.2.2022

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 70 возило од јавните површини. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Јавното претпријатие Градски паркинг апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг услугата, кое може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.