Арсовска: И покрај секојдневните опструкции успешно ги реализираме проектите 25.3.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување во емисијата Трилинг на ТВ 24 истакна дека во изминатите неколку месеци откако стапила на функцијата градоначалник на град Скопје, се соочува со секојдневни опструкции по работењето на градот и градската администрација, а со цел како што вели градоначалничката, да се профилира во првите 100 дена како неуспешен градоначалник за проекти за чија видливост се потреби повеќе од 100 дена.
- Град Скопје е оставен во огромни долгови, нетранспарентно трошени средства, проекти коишто биле отпочнувани само за ПР, за што немало ниту соодветна подготовка ниту пак соодветна анализа. Сега ги решаваме сите овие проблеми, додека некој се обидува да прикаже дека некој овие проекти ги стопира.
Ова е само еден начин како да се изманипулира јавноста и да и се прикаже дека некој не работи кога вистината е токму спротивното. Некој намерно довел овие проекти да бидат во фаза во која ќе бидат целосно предизвик за реализација и ние во овие четири месеци успеавме најголемиот дел од нив да ги откочиме. Голем дел од оние проекти што биле застанати во претходните четири години сега веќе ги отпочнуваме со реализација. Еден таков проект е Луна паркот во Скопје, рече Арсовска.
Таа додава дека и покрај опструкциите, градот успеа да ги изменаџира планираните активности и да покаже резултати уште во првите 100 дена, а сите активности кои што беа ветени за реализација во првите 82 дена беа исполнети и испорачани за скопјани.
- Сите работи ветени за првите 82 дена од мандатот ги реализиравме токму онака како што ги ветивме. Планираме да се реализираат капиталните проекти коишто се најавени и се буџетирани на почетокот на годината, меѓутоа, сега е многу поважно да се посветиме на хуманата агенда, односно да им помогнеме на граѓаните. Сите средства со коишто располагаме крајна цел е да се вратат кај граѓаните преку квалитетни услуги кои ќе ги овозможиме, имајќи во предвид дека сега се наоѓаме во незавидна ситуација што по основ на големите долгови што се наследени, меѓутоа и како резултат на економската, енергетската и здравствената криза.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
