Јавен повик за користење на локации за поставување на урбана опрема во Градски парк во Скопје 25.2.2022
Град Скопје објави јавен повик во дневните весници Нова Македонија и Коха, како и на официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, за користење на локации за поставување на урбана опрема и други подвижни направи во Градски парк во Скопје.
Урбаната опрема ќе се поставува на 28 локации во Градски парк утврдени во графичкиот прилог составен дел на повикот.
Право на учество на јавниот повик имаат сите правни лица заинтересирани за користење на локација во Градски парк – прв и втор дел за поставување на урбана опрема – подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи за продажба на сладолед, пијалоци и други производи, подготовка на пуканки, шеќерна волна и крофни, палачинки и слични производи.
На заинтересираните субјекти кои ги исполнуваат условите ќе им биде одобрено користење на локација за поставување на подвижните објекти согласно принципот прв дојден, прв услужен. Рокот за поднесување на пријавите е 10 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневните весници.
Барањето, изјавата и графички приказ на локациите може да се подигне во Архивата на Град Скопје и барака број 11, канцеларија број 1, бул. Илинден бр. 82, 1000 Скопје.
Барањата со целокупната документација, треба да се достават, преку архивата на Град Скопје, до Сектор за комунални работи, со назнака за Јавен Повик за утврдување на начинот, условите и постапката за користење на локации за поставување на урбана опрема во Градски парк во Скопје.
Повеќе информации за јавниот повик, заинтересираните можат да добијат, од објавите во дневните весници Нова Мaкедонија и Коха, и на официјалниот портал на Град Скопје, како и на контакт телефон 02/3297-389, Сектор за комунални работи на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
