ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОРЕСОТ ВО СКОПЈЕ 26.7.2019
Денеска (26.07.2019 година, петок), на градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година.
Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Исто така, цвеќе положи и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советничките Ирена Попова, Халиде Полоши и Соња Глинџарска.
Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје што се случи пред 56 години, дадоа и делегација од државниот врв на Република Северна Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и на СРМ, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани на Републикава, како и делегации од странство во нашава земја.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
