СО ОДЛУКА НА СОВЕТОТ БАРОКНАТА ГРАДСКА КУЌА ОДИ НА ПРОДАЖБА 26.9.2019
На денешната 41 седница на Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов се стави на гласање и се изгласа одлуката за продажба на барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар.
- Денешнава седница ја отвораме со оваа точка затоа што во меѓувреме успеавме да го завршиме објектот којшто беше започнат можеби пред една декада. Објектот којшто е изграден од Градот, откако е дојдено новото раководство на градската администрација, во неговото завршување имаме вложено 3,2 милиони евра. Ова докажува дека ниту имало намера, ниту тенденција да не се заврши неговата изградба - изјави Шилегов.
Тој додаде дека се правени напори објектот да се стави во функција, но по сите направени анализи за капацитетот на изградениот објект е заклучено дека само 3 петтини од вкупниот број на вработени би можеле да се сместат во него, односно само 352 вработени.
Исто така, тој го посочи и фактот дека е крајно нефункционална внатрешноста на објектот заради неговата форма.
- Локацијата на градската куќа за мене е многу несреќно избрана, бидејќи народски кажано таа е отпат и тргната е на страна од главната градска инфраструктура, а за да дојдете до неа имате слаба конекција со јавниот транспорт. И мислам дека градската куќа треба да се наоѓа на многу посоодветна локација како што и го личи главниот град и како што е стандард секаде во светот - истакна Шилегов.
Тој изрази жалење што советниците од опозицијата ја напуштиле седницата и не можеле да ја чујат неговата идеја да се формира комисија во која би членувале советници, односно да бидат вклучени сите како Совет. Таа комисија да биде задолжена за продажбата, но и за евентуалното купување на некој друг објект на многу посоодветна и подостапна локација за граѓаните на Скопје.
- Сепак, би сакал да имаме надзор од Советот во целиов процес, бидејќи сакаме тој да биде јавен и транспарентен затоа што немаме што да криеме. Продажбата ќе оди со аукција, преку системот на ЗЕЛС и ќе биде видлива за сите - рече Шилегов.
- ВЕСТИ
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ
- 29.08.2024 - Соопштение за медиуми
- 27.08.2024 - Соопштение за јавност
- 26.08.2024 - Соопштение за јавност: ЗАЕДНО ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ
- 23.08.2024 - Соопштение за јавност