ГРАД СКОПЈЕ ПЛАНИРА ОБНОВА НА МЕХАНИЗАЦИЈАТА НА ЈП „УЛИЦИ И ПАТИШТА“ И “ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ 26.1.2020
На претстојната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува предлог одлука за задолжување со заем од финансиска институција во висина од 150 милиони денари, за набавка на возила и опрема за јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“. Согласно оваа одлука предвидено заемот да се отплаќа во рок од 5 години од склучувањето на договорот за заем, со средства од Буџетот на Град Скопје.
Потребата за набавка на нови возила и опрема се јавува поради зголемените активности при работењето на двете јавни претпријатија, како и застареноста и недоволните количини на возила и опрема со кои располагаат.
Точните количини и спецификации за видот и типот на возилата и опремата која ќе се набавува ќе бидат прецизно утврдени во фаза пред отпочнување на јавната набавка, но во консултација со јавните претпријатија утврдена е потреба за набавка на камиони со опрема за зимска служба, возила за превоз на лица и алат, машини за бележење на улици, приколки за превоз на машини, багери, камиони кипери со различни бруто тежини, камиони со дигалки, мултифункционални машини и слично.
Согласно податоците од јавните претпријатија дел од овие видови на возила со кои располагаат се стари повеќе децении. Останатиот дел од предвидените возила и опрема за набавка се со целосно нови технологии и никогаш досега не биле набавени.
Возилата кои ќе се набават ќе овозможат огромни заштеди на основа на поретко сервисирање од причина што се работи за нови возила, како и заштеди на гориво, заштеди на средства кои досега биле исплаќани заради изнајмување на возила и машини кои биле неопходни за успешно и квалитетно вршење на редовните дневни обврски. Новите возила кои треба да се набават предвидено е да задоволуваат посовремени стандарди за заштита на животната средина од емисии на штетни издувни гасови.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
