Арсовска: Потребна е зголемена финансиска стабилност, за преземање поголеми надлежности на локалната власт 26.4.2022
Градоначалничката на Град Скопје и претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска, денеска на денот кога се одбележува 50 години постоење на ЗЕЛС, на кој се одржа и втората седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа во новиот мандат, во своето обраќање пред присутните се осврна на најголемите предизвици со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа во изминативе неколку месеци. Негативното влијание на енергетската криза која и понатаму претставува сериозна закана за планираниот развој и за ликвидноста на сите општини, раскинувањето на договорите од страна на лиценцираните снабдувачи на електрична енергија предизбикаа голем број општини да се соочат со високи трошоци за електрична енергија и бројни други локални проблеми беа во фокусот на извештајот меѓу две седници на Генералното собрание.
- Нашите предлог мерки за надминување на состојбите беа доставени до Владата со цел воспоставување дијалог за изнаоѓање заеднички решенија за излез од оваа криза. Ставовите на ЗЕЛС ги презентиравме и пред јавноста. Со Владата одржавме средба на 18 јануари. До сега, сеуште нема конкретни заклучоци за поддршка на општините, иако нашите барања беа конкретни мерки како да се надмине енергетската криза особено за малите општини кај кои постои најголем ризик по одржување на ликвидноста. Состојбата е алармантна, но до овој момент се уште нема конкретен одговор – објасни градоначалничката Арсовска.
Таа нагласи дека е загрозена ликвидноста на локалната самоуправа, во прашање се доведуваат проектите кои треба да ги подобрат услугите на општините кон граѓаните, а се зголемуваат долговите предизвикани од зголемените цени на енергенсите.
- Управниот одбор дискутираше и за други решенија за подобрување на општата состојба во единиците на локалната власт и истите се инкорпорирани во ревидираните систематизирани ставови на ЗЕЛС. Овие ставови и барања беа доставени до сите општини, кои сите општини имаа можност да ги разгледаат и да дадат свои мислења и сугестии – рече Арсовска.
Арсовска додаде дека во консултација со сите општини Управниот одбор го услови новиот предлог Меморандум за соработка доставен до Владата, бидејќи актуелниот е склучен пред скоро 20 години, во 2003 година.
- Ќе инсистираме на што поинтензивни преговори во Владата, покренуваме многубројни иницијативи за законски измени, за поголема финансиска стабилност, за преземање поголеми надлежности. Оптимист сум дека ќе имаме резултати за локалната самоуправа да го добие местото што го заслужува – нагласи Арсовска, на денешната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
