ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ ОД ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ОТВОРЕНА ЗА ПОСЕТИТЕЛИ 26.5.2020
Вратите на Зоолошката градина во Скопје од денеска се повторно отворени за посетителите. Граѓаните ќе може да ја посетуваат секој ден, од 9 до 16 часот, а притоа ќе мора да се придржуваат на новите протоколи за работа и движење низ Зоолошката, и тоа:

- Задолжително носење маска при влез во ЗОО Скопје;
- Чекање ред на растојание од 2 метра;
- Строго е забрането хранење и доближување до животните;
- Отпадоците да се фрлаат во корпите;
- Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта и
- Одржување дистанца од другите посетители.

Важно е да се нагласи дека бројот на посетители во Зоолошката ќе биде ограничен за да не се создава метеж, односно, во текот на еден час во градината ќе може да има до 150 граѓани.
Поради пандемијата од коронавирусот скопската Зоолошка градина беше затворена 2,5 месеци. Тој период беше искористен за дезинфекција на живеалиштата, се реновираа делови од градината, а во соработка со Град Скопје се изградија живеалиштата за пингвини и за фламинга.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
