Се санираат велосипедските патеки на Водно 26.10.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска направи увид во отпочнувањето на активностите за санација и одржување на двете велосипедски патеки на Водно. Со санацијата на велосипедските патеки повторно ќе се овозможат оптимални услови за нивно користење, а ќе се зголеми и безбедноста на велосипедистите.

- Посветено работиме согласно со програмата на сите активности со кои Водно зелениот штит на Скопје континуирано ќе се одржува со цел да се подобри целокупната грижа за планината. Отпочнавме со санација на велосипедските патеки во должина од 3000 метри, по што продолжуваме со пешачките патеки. Со дополнителна поддршка и проекти настојуваме да ги реализираме многубројните планирани активности за Водно со цел зазеленување, за што најавуваме акција за пошумување од почетокот на месец ноември во периодот на сезоната на садење – истакна Арсовска.

Во рамките на активностите за санирање на патеките се врши одстранување на суви дрвја и грмушки, кроење на гранки, отстранување на камења, машинско косење и отстранување на отпадоци.


Со реализација на овие активности од страна на екипите на градското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“, кои продолжуваат со редовно одржување на овие патеки, долгорочно ќе се обезбедат услови за нивно непречено користење од страна на сите љубители на планинскиот велосипедизам.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
