ПРОБУВАЛНАТА ВО ГИМНАЗИЈАТА „НИКОЛА КАРЕВ“ ОПРЕМЕНА СО МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ ЗА ШКОЛСКИТЕ БЕНДОВИ 26.12.2019
Во просториите на гимназијата „Никола Карев“ денеска беа промовирани пробувалната и новите музички инструменти што ќе бидат наменети за наставни и воннаставни активности, а ќе бидат достапни и за млади коишто не се ученици на ова средно училиште. Музичките инструменти се купени во рамки на проект финансиран од Програмата за финансирање програми и проекти на млади на Град Скопје за 2019 година, а реализиран од Центарот за креативно живеење парК и Арт хаус Карев.

- Градот Скопје е многу заинтересиран да ги поддржи проектите што ја промовираат урбаната и младинската култура. Неодамна, со МКЦ ја отворивме Галеријата на графити во Катната гаража „26.Јули“. Кај овој проект многу ни се допадна што користи веќе постоен јавен простор, дел од средно училиште на Град Скопје, ја надградува неговата намена и го отвора за користење за сите млади. Веќе неколку години гледаме како оваа гимназија се повеќе прераснува и во културен центар, па и не случајно беше дел од „Бела ноќ“ во 2018 година, а познати се и други соработки со институциите од културата за кои е надлежен Градот. Исто така, бидејќи со средствата добиени во рамки на Програмата за млади за 2019 година се купени музички инструменти, тоа ќе овозможи придобивките од овој проект да се чувствуваат уште многу години – рече на денешната промоција портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Денешната промоција беше збогатена со заедничко музицирање на младите музичари од Арт хаус Карев со нивни поискусни колеги.
Значајно е да се напомене дека многубројни „каревци“ свират во познатите бендови Визија, Pluto’s Doubts, Астероид, Culture Development, Black and Vice Social Club, 101, Freak Unique, Black Pool и други.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
