ПОСТАВЕН ПРВИОТ ТАСТЕР ЗА ПЕШАЦИ НА СЕМАФОРОТ НА БУЛЕВАР СРБИЈА 26.12.2019
На барање на граѓаните, на семафорите на булеварот Србија, кај Полициската станица, е поставен првиот тастер во Скопје со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин. Целта на оваа активност на Градот Скопје и на компанијата ОКТА е да се зголеми безбедноста во сообраќајот на овој исклучително фреквентен булевар.

- На барање на граѓаните, по немилиот настан минатата година кога на овој пешачки премин загина пешак, Градот Скопје на оваа локација постави семафор за да овозможи побезбедно поминување на пешаците преку булеварот. Наидовме на разбирање кај компанијата ОКТА за да воведеме и еден поинаков систем – во моменти кога нема толку многу сообраќај на улицата да може со притискање копче да се отвори пешачкиот сигнал за да се зголеми безбедноста на пешаците при преминувањето на улицата, особено на децата од оваа околина коишто одат на училиште - рече денеска градоначалникот Шилегов, на ставањето во употреба на новиот механизам за регулирање на сообраќајот.

Тој потсети дека Градот Скопје на булеварот Србија годинава изгради и велосипедска патека која ги поврзува главните велосипедски рути во Аеродром со Кисела Вода и Гази Баба.
- Сакаме да воведеме безбедно движење со одржлива урбана мобилност. За мене е императив сите решенија коишто ги нудиме како градска администрација да се во насока на одржливата урбана мобилност, а пред се, да се безбедни за граѓаните, особено за најранливите категории во сообраќајот. Мислам дека тие промени, чекор по чекор, стануваат видливи благодарение и на вакви општествено одговорни компании како што е компанијата ОКТА, а ние ја зголемуваме безбедноста на граѓаните – нагласи Шилегов.

Тастерот на семафорот на булеварот Србија е донација од компанијата ОКТА со која се предвидува поставување вакви тастери на повеќе пешачки премини на градските булевари.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
