ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ 27.7.2019

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи утре ќе се воведе привремен сообраќаен режин на дел од улицата Лазар Личеноски.

Поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на улица Лазар Личеновски, од утре (28.07.2019 година, недела) па до завршувањето на градежните работи, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од улицата од раскрсницата со улица Самоулова и бул. Гоце Делчев до сервисната улица за влез на парккингот кај СРЦ Кале.

Овие градежни активности се реализираат во рамките на проектот за фазната реконструкција на улицата Лазар Личеновски. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.