ШИЛЕГОВ СО АПЕЛ: НЕ ГИ ПАЛЕТЕ СТРНИШТАТА, ГРАД СКОПЈЕ БЕСПЛАТНО ПОДИГА ОСТАТОЦИ ОД БЕРБА 27.9.2020
Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава го опфаќа целиот Скопскиот плански регион.
Викендов, кампањата за бесплатно собирање на остатоците од бербата, за да се спречи палењето на стрништа беше промовирана во општина Сарај. Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети ги повикаа земјоделците од општина Сарај да ја искористат оваа поволност и да побараат бесплатно подигање на остатоците од бербата.
- Станува збор за земјоделски дел од градот и сакаме да им помогнеме на скопските земјоделци да ја загубат навиката за палење на стрништето, но и да добијат ѓубриво како субвенција за предадените остатоци од бербата - рече градоначалникот Петре Шилегов.
Градоначалникот Беџети упати апел да не се палат стрништата на подрачјето на општината, со цел да се придонесе во борбата против аерозагадувањето.
Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
