ГРАД СКОПЈЕ СО ТРИ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА 27.11.2019

Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно ја донесе Одлуката за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Албанија. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари.

- Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град Скопје упати две екипи кои се во Драч. Едната екипа е составена од 4 пожарникари,  додека втората екипа е составена од технички лица кои управуваат со термалните дронови и со термалните камери. Оваа одлука е во износ кој традиционално го доделува Град Скопје во вакви случаи, а тоа е 3 милиони денари - кажа градоначалникот Шилегов на седницата. 

 

Покрај оваа точка, Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа за поголем број на извештаи, одлуки и информации, меѓу кои: Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, за периодот од 01.01 до 30.09.2019 година; Одлука за прием на движни ствари на трајно користење; Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за продажба на простории со комерцијална намена–деловни простори во Катната гаража „БЕКО“; Одлука за пристапување кон изработка на Генерален урбанистички план на Град Скопје; Одлука за пренесување на правото на трајно користење на електрични машини за чистење; Одлука за изменување на Одлуката за уредување на начинот на плаќање на продадениот удел на Градот Скопје во изградбата на Повеќенаменска спорска сала Борис Трајковски; Програма за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање; Одлука за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање;  Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за изградба на забавен парк (Луна парк), набавка на реквизити и нивно монтирање; Одлука за давање согласност на Одлуката за измена на Инвестиционата програма на ЈП Водовод и канализација-Скопје за 2019 година; Одлука за давање согласност на Извештајот од работењето на ЈП Водовод и канализација - Скопје за период  од 01.01.2019 до 30.09.2019 година споредбено со 01.01.2018 до 30.09.2018 година; Одлука за давање согласност на Oдлуката за утврдување на вредноста на висината на бодот за пресметување на плати на вработените во ЈП Комунална хигиена – Скопје за 2020 година; Одлука за давање согласност на Годишната оперативна програма за подигање и одржување на зеленило на подрачјето на Град Скопје за 2020 година; Програма за повластено користење на јавниот градски превоз, од лица со посебни потреби, во 2020 година; Развоен план за одржување и реконструкција на магистрални и собирни улици на подрачјето на град Скопје за период 2020-2022 година; Информација за квалитетот на воздухот на подрачјето на град Скопје за 2018 година; Информација за квалитетот на водите на подрачјето на град Скопје за 2018 година; Информација за влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето, со посебен осврт врз децата; Информација за радиоактивност на животната средина на подрачјето на град Скопје во 2018/2019 година; Одлука за формирање на Комисија за односи меѓу заедниците, како и Одлука за разрешување и именување претставник на Градот Скопје во  Училишниот одбор на АСУЦ „Боро Петрушевски“-Скопје.