НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИОТ СКОПСКИ ПОЖАРНИКАР, ПОЛИЦАЕЦ И КРВОДАРИТЕЛ ЗА 2019 ГОДИНА 27.12.2019
Градоначалникот Шилегов денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2019 година.
- Како град на солидарноста ги негуваме традициите на хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош. Затоа, Град Скопје секоја година дополнително ги мотивира оние што најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела. Убеден сум дека оваа награда поттикнува лична мотивација кај секој од нас да не ја штедиме нашата хуманост и да го користиме секој момент да ја покажеме на дело во средината во која живееме и работиме – рече Шилегов.

За своите заслуги во работењето и за својата пожртвуваност награди денеска добија:
- Зоран Рајчин, Пожарникар спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар пожарникар за 2019 година.

- Душко Кикеновски, вработен во Полициска станица од општа надлежност Центар, кој ја добива наградата за најдобар полициски службеник.

- Ајрис Асани е истакнат крводарител кој ја потврдил својата хуманост со 218 дарувања крв и ја добива наградата за крводарител на годината.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
