
Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво” 28.5.2023
Градот Скопје и годинава ја поддржa реализацијата на седмото издание на „Вози право, вози здраво”, настан со кој се промовира велосипедизмот како алтернативна форма на урбан транспорт и се влијае на подигањето на јавната свест за зачувување на здравата животна средина со замена на автомобилите со велосипед при секојдневниот транспорт.

Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, ја додели првата награда, односно вредносен ваучер од 12.000 денари од страна на Градот. Се одржа и лотарија за учесниците, а најсреќните дома си заминаа со вредни награди.

Градот Скопје веќе има воспоставена велосипедска инфраструктура, којашто екипите на Градот редовно ја одржуваат, а ваквиот тип на спортски манифестации дополнително ја поддржуваат заложбата за почиста животна средина и здрави урбани навики кај граѓаните.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност