
Соопштение за јавност 28.10.2023
Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајaновски, денеска присуствуваше и ги поздрави учесниците на вториот хакатон за студентите од академиите на Brainster, за изградба на платформа преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат загадување на воздухот во Скопје. Град Скопје и интернационалната EdTech организација Brainster веќе еден месец работат на развивање на новaта апликација „Breathe.mk“ за следење и пријавување на загадувањето на воздухот која ќе даде можност брзо и ефикасно постапување на терен на градските инспекциски служби со цел справување со загадувачите.

- Особено не радува големиот интерес, иновативноста и креативноста на изработените дигитални решенија на студентите за полесно и ефикасно справување со загадувањето, како еден од главните предизвици во Скопје. Примената на дигиталните алатки има се поголема улога во справувањето со урбаните предизвици. Креираната нова платформа „Breathe.mk“ за следење и пријавување на загадувањето на воздухот, Град Скопје ќе ја користи за контрола со помош на граѓаните, преку која ќе можат да пријавуваат секојдневно за поефикасно лоцирање и санкционирање на загадувачите – се обрати Трајановски на присутните.

На двата хакатони присуствуваа повеќе од стотина учесници, кои посветено работеа на креирање и реализација на апликацијата Breathe.mk, а на денешниот хакатон присуствуваа и извршниот директор на Brainster, Александар Клашниновски, заменикот холандски амбасадор, Роберт Декер и иницијаторот на Breathe.mk, Алекс Долстра.

- ВЕСТИ
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
- 18.08.2025 - Тeрестрично прскање против комарци во Скопје
- 18.08.2025 - Соопштение за јавност
- 17.08.2025 - Соопштение за јавност
- 15.08.2025 - Соопштение за јавност
- 13.08.2025 - Соопштение за јавност
- 12.08.2025 - Соопштение за јавност