Скопје домаќин на финалето на реалното шоу „Авантурите на Балканот“ 28.10.2023
Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски, денеска на Плоштадот Македонија, пред споменикот Воинот на коњ, заедно со претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, срдечно ги пречека и поздрави 20 учесници во реалното шоу „Авантурите на Балканот“.

- Ми претставува особено задоволство да ви посакам добредојде во нашиот град во име на градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје, градот со богата историја и традиција и градот кој ја доби титулата Европска престолнина на културата 2028. Во градот кој е родното место на Гонџа Бојаџиу- Мајка Тереза, препознатлив по Камениот Мост, Калето, Милениумскиот крст, Кањонот Матка, Локалитетот Скупи, кој е еден од трите антички градови, во градот на многу загатки и предизвици. Ви пожелувам успешно натпреварување и нека победи најдобриот!- кажа Трајановски.
Реалното шоу „Авантурите на Балканот“ е квиз во кој натпреварувачите во двојки решаваат загатки на темите историја, културно богатство и обичаи директно на локацијата која е поврзана со загатката. Екипата од 20 натпреварувачи, кои се поделени во три тима, досега ги има посетено сите балкански земји, а во Скопје го снимаат финалето. Изненадување за учесниците ќе биде дека ова е последната епизода од серијалот и на крајот ќе има доделување на главната награда- патување низ светот за двајца.
Реалното шоу се емитува на Радио телевизија Србија, во продукција на „Со срце низ нашата земја“, а автор на емисијата е Душан Раденковиќ.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
