ЈП Комунална хигиена расчистува голема дива депонија во општината Шуто Оризари 28.3.2022
Во координација со Градот Скопје и Општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена во текот на изминатиов викенд започна активности за расчистување на голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари.

Станува збор за голема дива депонија во непосредна близина на спортската сала во општината што досега на повеќе наврати била расчистувана, но поради несовесното однесување на жителите повторно се создава. Депонијата е составена од мешан отпад, односно кабаст, градежен и комунален отпад.

Екипите на ЈП Комунална хигиена расчистувањето ќе продолжат и во текот на оваа недела, а очекуваат до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 400 кубни метри несовесно одложен отпад.

Град Скопје и ЈП Комунална хигиена апелираат до граѓаните својот отпад да не го одлагаат на јавни површини и на тој начин да придонесат да се зачува јавното здравје и да се заштити животната средина, во спротивно граѓаните кои свесно ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
