ПРИЕМ НА ПОГОЛЕМ БРОЈ ДОНАЦИИ И ИЗВЕШТАИ ЗА РАБОТАТА НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА ПРВИТЕ 9 МЕСЕЦИ ОД 2019 ГОДИНА 28.10.2019

Извештаите за работата на јавните претпријатија на Град Скопје за првите 9 месеци од 2019 година се едни од главните точки кои ќе се предмет на расправа на денешната 42 седница на Советот на Град Скопје.

 

На денешната седница пред советниците ќе се најдат и поголем број точки за примање донации, како и префрлање донации и право на трајно користење на средства од Градот Скопје кон јавните претпријатија. Тука влегуваат одлуката за примање донација на два вело-паркинзи од Пивара Скопје АД –Скопје; Одлуката за примање донација од ДОО Пакомак Скопје и за пренесување на правото на трајно користење на садови за отпад на ЈП Комунална хигиена – Скопје; Одлуката за примање донација од JП Градски паркинг - Скопје и за пренесување на правото на трајно користење на  6 (шест) електромобили на ЈП Паркови и зеленило – Скопје; Одлуката за давање на трајно користење патнички моторни возила на Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ – Скопје; Одлуката за пренесување на правото на трајно користење на специјални комунални возила за странично собирање и транспортирање на комунален отпад; како и Одлуката за пренесување на правото на трајно користење на мини метларки.

 

Од областа на образованието, Советот на Град Скопје ќе расправа за Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на Град Скопје, за период 2019-2024 година, како и за Информацијата за уписот и приемот на ученици во прва година во учебната 2019/2020 во средните училишта и во ученичките домови на Град Скопје.

 

На денешната седница ќе се расправа и за давање согласност на поголем број програми за работа, за вработување и за ценовници за повеќе јавни претпријатија и јавни културни установи, како и за поголем број регулациски планови на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022.