Христовски потврди, ЈП Градски паркинг донесе одлука за намалување на цената на паркирање во Скопје 29.1.2022
На иницијатива на градоначалничката на Град Скопје г-ѓа Арсовска, а согласно Статутот на јавното претпријатие, вчера на седница на Управниот одбор на претпријатието се донесе одлука со која е предвидено намалување на цените на услугите за паркирање на јавните површини во зоните на паркирање во градот Скопје, истакна директорот Христовски на денешната прес конференција.
Христовски додаде дека согласно одлуката за измена на Ценовникот на услуги на Јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на час паркирање во следните зони:
-Зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари;
-Во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари;
-Во зона Б од 40 денари, износот за паркирањето се намалува на 30 денари и
-И во зона Ц и Д, цената за еден час паркирање од 30 денари се намалува на 25 денари.
Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влегува во сила по добивање согласност од Советот на Град Скопје, а истата ќе се применува од 01.03.2022 година.
Христовски потенцираше дека со усвојување на оваа одлука, а сред економска криза, кога цените растат, Јавното претпријатие Градски паркинг им излезе во пресрет на барањата на граѓаните за поевтин паркинг во градот и го реализира она кое е ветено пред скопјани.
Нашата цел како Јавно претпријатие е со своите одлуки секогаш првенствено да бидеме транспарентни во своето работење, да бидеме во служба на граѓаните и да ги реализираме правовремено барањата на граѓаните во градот Скопје, вели директорот Христовски.
Реализацијата на ова ветување е показател дека тоа што се ветува, треба и се исполнува. Имено, продолжуваме и понатаму активно да работиме во насока на реализација на програмските проекти кои што се во интерес на граѓаните, а се во план да се реализираат во наредниот период. Тука би ги истакнал новите катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода, со што ќе овозможи паркирањето во Скопје не само да биде поевтино, туку да биде и подостапно за граѓаните.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
