Арсовска: Град Скопје нема да го исклучува јавното осветлување на булеварите, безбедноста и сигурноста на граѓаните мора да бидат на првото место 29.8.2022
„Градот Скопје по ниту една цена нема да го исклучи јавното осветлување на булеварите и сите делници коишто се под градска надлежност. Во однос на штедењето отпочнавме со малку поинаков пристап, штедиме секаде онаму каде што можеме, но не на штета на граѓаните. Тоа значи дека безбедноста и сигурноста на граѓаните мора да бидат на првото место”, вели градоначалничката Арсовска во вечерашното гостување во Жешко политичко лето на Канал 5 ТВ.
Арсовска објасни дека во изминатиот период градот работи на реформи и голем дел на средства се собрани од заштеди од јавните набавки преку електронски аукции, сериозна сума на средства заштедени што до сега не било случај во градот.
„Направивме многу реформи во начинот на работа и значително штедиме. Сето она кое го заштедивме ќе остане во буџетот, за улицата Славка Динкова која ја промовиравме минатата недела, дури 32% имаме заштеда на проценетата вредност. На улицата Бутелска заштедата е над 40%. Сите средствата коишто ги штедиме ќе овозможиме скопјани да имаат јавно осветлување на градските улици и булевари”, појасни Арсовска.
Според неа, безбедноста и сигурноста на скопјани треба да биде на прво место, имајќи во предвид дека дел од општините почнаа да ги гасат своите јавни осветлувања.
„Доколку прашате било кој што живее во Скопје дали сака да шета во вечерните часови во целосен мрак, јас сум сигурна дека ќе ви каже дека не
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
