ДЕНЕСКА НА ПЛАДНЕ ЗАПИРААТ ВОНРЕДНИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО 29.1.2020
По добиената информација од МЖСПП, Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година. На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.
Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.
- ВЕСТИ
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ
- 29.08.2024 - Соопштение за медиуми
- 27.08.2024 - Соопштение за јавност
- 26.08.2024 - Соопштение за јавност: ЗАЕДНО ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ
- 23.08.2024 - Соопштение за јавност