120 мапирани депонии исчистени во Скопје 29.1.2022
За прв пат во децении во Скопје се спроведува акција за чистење на дивите депонии каде се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор на загадување на воздухот, почвите и подземните води со што директно се влијае на квалитетот на живот на граѓаните.
За речиси два месеца со заедничка активност на градот Скопје и дел од скопските општини, исчистени се над 120 мапирани депонии за време на предизборната кампања. Засилени се контролите на инспекторатот и за првпат се изречени големи казни за загадувачите на животната средина и оние кои ги загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните.

Чистењето продолжува и понатаму бидејќи секојдневно граѓаните пријавуваат обиди за создавање нови депонии. Инспекциските служби засилено работат на терен, со цел сите да ги почитуваат законите и нема да има никакви отстапки за загадувачите.
Градот Скопје со стратегија за превенција, започнува до имплементација на системско решение кое опфаќа фото документирање на загадувачите, работа во смени на Инспекторатот со цел санкционирање на сторителите, детекција на депонии и обиди за нивно палење со дрон, но и активен систем за пријави од граѓани со цел превенција на загадувачите и нивно неселективно казнување. Град Скопје упатува апел до граѓаните секоја пријава за новонастаната или веќе постоечка депонија да ја испратат на 24@skopje.gov.mk со цел во најкус можен рок да се испратат екипи од градот за чистење на депониите.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
