ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ТРЕБА ДА РЕАЛИЗИРА МЕРКИ ЗА ДА ИМА ЕФЕКТ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ 29.12.2021
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите дискутираше за препораките и мерките кои ги реализира Градот Скопје во насока на намалување на загадениот воздух. Таа потенцираше дека сите институции, на централно и на локално ниво, треба да реализираат мерки кои се во нивна надлежност со цел истите да имаат вистински ефект.
- Самите услови налагаат дека централната власт треба посериозно да преземе мерки врзани за она коешто го гледаме сега, а коешто е извесен аларм. Ние нашите препораки ги издадовме, нашите препораки се базираат на тоа коешто е утврдено претходно како план, меѓутоа за дел од нив обврски има и централната власт. Ние не можеме да спречиме влез на возила, односно да ги пренасочуваме. Ние не можеме голем дел од работите коишто се внатре во препораките да ги направиме, тоа е обврска на централната власт и таа треба тоа да го направи, треба да ја преземе конечно одговорната за тоа што е носител на власт – кажа градоначалничката Арсовска.

Таа се осврна на дел од мерките кои градскиот инспекторат ќе го спроведува во наредниот период, како што се засилените активности на терен на комуналните инспектори, како и вонредните инспекции на индустриските капацитети чија контрола е во надлежност на Град Скопје.
- Ние не спроведуваме само препораки, имаме луѓе на терен кои постојано ги контролираат индустриските капацитети, кои вршат вонредни инспекциски надзори и контроли, а во наредните два месеца ќе имаме повеќе надзори отколку во изминативе неколку години наназад. Изминативе две години направени се само 5 надзори за животна средина. Во овој момент, постојано контролираат инспекциските служби и се изрекуваат глоби, за фрлање на отпад и градежен шут, за горење на отпад... Службите се постојано на терен и се она што може Градот Скопје да го направи ќе го направи и го прави - додаде Арсовска.

Таа се осврна и на преостанатите мерки кои се реализираат изминатиов период, а имаат големо влијание на животната средина и квалитетот на воздухот во Скопје.
- Со цел да се влијае на квалитетот на воздухот мора да се имплементира сеопфатен сет на мерки, нешто што комплементарно ќе се надополнува, со цел да се лимитираат сите извори на загадувањето. Ние ќе реализираме сет на мерки, се што е во наша надлежност ќе направиме. Изминатиов период исчистивме 120 диви депонии кои до вчера се палеа и го загадуваа воздухот, а сега повеќе не постојат. Истите се оградени, затворени, ниту може некој да фрла таму, ниту може отпадот да го пали – кажа Арсовска.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
