ЗАПОЧНА ИЗВЕДБАТА НА НОВИОТ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА СКУПИ 30.1.2020
Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изведба на нов тротоар на јужната страна на улицата Скупи, на потегот од бензинската пумпа на „Макоил“, па се до крстосницата со улицата 10 која води кон Бардовци. Новиот тротоар ќе биде долг 500 метри, широк два метра и покриен со асфалт на површина од вкупно 1.000 квадратни метри.

- За жал, на оваа локација никој не предвидел изградба на тротоар, а сите знаеме колку беше небезбедно движењето на пешаците. Нашата цел е на пешаците кои го користат овој потег да им обезбедиме непречено и безбедно движење. Сведоци сте дека Градот Скопје константно работи на ослободување и на создавање нови пешачки простори се со цел да имаме побезбедни пешачки површини за сите наши граѓани – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на почетокот на изградбата на новиот тротоар.

На изградба на новиот тротоар ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. Градежните работи се очекува да завршат за околу еден месец, во зависност од временските услови.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
