Пуштена во употреба жичницата до врвот на Водно 30.12.2021
Од денеска повторно е во функција жичницата до врвот на Водно.
-Изминатиов период се завршени сите неопходни процедури за пуштање на жичницата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја користат -изјави директорот на ЈСП Иван Илиевски на денешната проверка што ја изврши заедно со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б). За градоначалничката Арсовска жичницата е неопходност за скопјани.
-Долго време жичницата не функционираше, но веќе од денеска сите граѓани повторно можат да ја користат. Воедно пуштени се и трите автобуски линии до Средно Водно - истакна градоначалничката на Скопје.
Согласно со протоколот на Комисијата за заразни болести во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица, односно искористеност на 50% од вкупниот капацитет на кабината, каде што патниците треба да носат заштитна маска. Во текот на денот ќе се врши дезинфекција на внатрешноста на кабините. Жичницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последниот вторник во месецот. Автобуските линии за време на викенд и за државни празници се бесплатни за сите категории патници. Дозволен е превоз на домашно милениче куче со мал/среден раст и превоз на куче/придружник на лицата со хендикеп.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
