СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА БОЦА ИВАНОВА, ВО БУТЕЛ 31.8.2020
Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Боца Иванова, во општината Бутел, на потегот од кружниот тек до улицата Лазар Трповски. На оваа делница со должина од 800 метри ќе се обнови коловозот, а ќе се нивелираат и постојните шахти и сливници.

- Оваа улица, заедно со улицата Лазар Трповски, чијашто реконструкција ќе биде изведена исто така до крајот на годинава, се исклучително фреквентни улици. Тоа се улиците кои водат до влезовите на градските гробишта „Бутел“ и кои ги спојуваат општините Бутел и Шуто Оризари, што ја чини потребата од нивна реконструкција повеќе од неопходна. За потсетување, годинава реконструиравме и дел од улицата Александар Урдаревски која се наоѓа во непосредна близина, а во тек е изградбата на втората фаза од булеварот Босна и Херцеговина. Булеварот Христијан Тодоровски Карпош веќе неколку месеци активно го користат нашите сограѓани од северниот дел на градот кои сега благодарение на овој булевар побргу стигнуваат и до обиколницата и до централното градско подрачје. Во таа насока пристигнуваат мноштво позитивни реакции од многу наши сограѓани кои живеат во овој дел од Скопје – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Вредноста на договорот за реконструкција на улицата Боца Иванова е речиси 7 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 25 дена.
На почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Боца Иванова денеска присуствуваа и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, директорот на ЈП „Улици и патишта“, Бобан Црничиќ и директорот на ЈП „Дрисла“, Коста Начевски.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
