ШИЛЕГОВ: ЗАГУБИВМЕ ГОЛЕМ ДРУГАР, ДРАГ ПРИЈАТЕЛ, СПОРТСКА ЛЕГЕНДА И ИДОЛ НА МНОГУ ГЕНЕРАЦИИ 31.1.2020
Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на комеморативната седница за Благоја Георгиевски-Буштур, во организација на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Националниот олимписки комитет и Градот Скопје.

- Скопје претрпе голема загуба со згаснувањето на животот на нашиот драг Благоја Георгиевски-Буштур.Буштур беше еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња. Како таков остави јасен и силен белег во историјата на македонскиот спорт. Целата кариера, од првите чекори до последниот натпревар ја помина во својот Работнички. Тој беше миленик на навивачите и со секој натпревар одново ги освојуваше срцата на скопјани - изјави Шилегов.


Тој ги потсети присутните на неговите освоени 2 златни медали во поранешна СФРЈ, како и на прогласуването на Буштур за најдобар спортист во Македонија и за најдобар спортист на Град Скопје со добивањето на златната значка од Југословенскиот сојуз за физичка култура во 1972 година.
- Се сеќавам дека имав неполни 15 години во далечната 1984 кога Буштур го одигра последниот официјален натпревар меѓу КК Работнички и репрезентацијата на Југословенските ветерани во салата во Градскиот парк. Тоа беше еден спектакуларен меч кога скопската публика му приреди едно незаборавно збогување, токму такво какво што заслужи. Почитувани пријатели од неговото потесно и пошироко семејство, бидете храбри во поднесувањето на големата загуба. Нашите срца и мисли се со вас. Бидете горди со вашиот татко, сопруг, роднина. Неговите дела вечно ќе сведочат за неговата големина како човек, како врвен спортист и како урбана легенда и идол на многу генерации. Драг пријателе Буштур, почивај во мир и нека ти е вечна славата – кажа Шилегов пред присутните на комеморацијата на Буштур.

На комеморацијата присуствуваа поранешни соиграчи на популарниот Буштур, голем број сегашни и поранешни кошаркари, кошаркарски работници, како и спортски работници од земјава и од странство.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
