Градот Скопје се вклучува во акцијата за подигање на свеста за лицата со попреченост 31.3.2022
Во пресрет на Светскиот ден на свесност за аутизмот (2 април), Градот Скопје и ЈСП се вклучуваат во проектот „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ во организација на Здружението на граѓани „Куќа на среќата“, кое има за цел подигнување на свеста за лицата со попречености преку инклузивната лента која ја носат овие лица.
Во поголем дел од возилата од ЈСП Скопје залепени се пораки „Разбери, прифати, сакај!“ кои укажуваат дека лицата кои носат инклузивна лента се лица со попреченост и апелираат секој кон нив да биде трпелив, љубезен и подготвен да помогне.
Пораките се залепени на видно место во возилата во ЈСП, но и во сите културни институции во рамките на Градот Скопје, со цел сите посетители и корисници на јавниот превоз, да ја прочитаат инклузивната порака за разбирање, прифаќање и сакање на лицата со различности, односно на лицата кои се со видлива или невидлива попреченост.
„Доколку забележите лице кое ја носи оваа лента на врат разберете дека ви испраќа порака, прифатете го неговото однесување и потреба“, порачуваат од „Куќа на среќата“.
Градот Скопје е отворен за соработка со сите организации и здруженија и е подготвен да пружи помош и поддршка согласно расположливите можности и околности.
Во таа насока, во возилата на ЈСП Скопје и на Жичарницата им е дозволен превоз на лица со попречености со куче придружник, а врши и организиран бесплатен превоз со специјални комбиња, лицата со попречености се ослободени од плаќање билет при користење јавен превоз.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
