ГРАД СКОПЈЕ УРЕДИ НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО ТАФТАЛИЏЕ 31.5.2021
Запуштената и неуредена површина пред објектот на противпожарната бригада во населбата Тафталиџе, сега е нов зелен сквер.
Околу 1 000 квадратни метри кај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, Градот Скопје целосно ги уреди со цел на граѓаните да им се овозможи да уживаат во квалитетна инфраструктура со зеленило.
- Со особено задоволство денеска ја отвораме четвртата од вкупно 5 микролокации во Скопје, коишто Градот заедно со УНДП, Скопје Лаб и со граѓаните коишто живеат во близина на тие локации, ги промовираше во нови скверови. Станува збор за локација на која од запуштен тревник направивме едно инклузивно игралиште со справи приспособени и безбедни за децата со посебни потреби со цел сите сограѓани и наши дечиња да може да уживаат на овој простор. На овој простор, како што кажав со запуштен тревник, се засадени над 30 видови различни растенија со што добиваме и зелен сквер и едно прекрасно катче каде што на безбеден начин децата ќе може да го поминуваат слободното време – кажа Шилегов.
Шилегов им се заблагодари на традиционалните партнери УНДП кои заедно со Скопје Лаб му помогнаа во осмислувањето на овој простор, како и на општествено одговорните компании Макпетрол АД и Државна видеолотарија на Македонија кои со своите донации помогнаа да биде позелен и пофункционален новиот сквер.
По спроведена анкета, на барање на жителите на овој дел од населбата поставено е инклузивно игралиште што можат безбедно да го користат и дечиња со посебни потреби, а игралиштето е донација на Државна видеолотарија на Македонија.
Дополнително просторот е збогатен со нова урбана опрема, ново осветлување и фонтана со вода за пиење. Просторот е осмислен на начин што целосно ги следи потребите и желбите на граѓаните кои живеат во овој дел од Општина Карпош.
Локацијата е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП што започна во 2018 година.
Градот Скопје посветено работи на обезбедување на функционална животна средина за граѓаните во Скопје, која ќе подразбира квалитетна инфраструктура со доволно зеленило, со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.
На отворањето на овој зелен сквер во населбата Тафталиџе присуствуваа и Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош, како и претставници на општествено одговорните компании Макпетрол АД и Државна видеолотарија на Македонија.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност