Соопштение за односи со јавност 27.10.2023
Град Скопје денеска во Градскиот парк со дефиле што се одржа по повод одбележувањето на месецот на борба против ракот на дојки, испратија порака за подигање на свесноста за потребата од информираност, превенција, самопрегледи и редовни лекарски прегледи.

- На над 300 жени од градската администрација им беа овозможени ехо и мамографски прегледи со цел превенција и подигнување на свесноста за опасноста од ракот на дојки. Во исто време сакаме да нагласиме дека навременото откривање на овој вид на рак значи шанса за соодветно лекување, шанса за живот. Затоа, за нас свесноста за оваа болест треба е фокусот 365 дена во годината, со редовните прегледи, но и за подигање на свесноста за ризиците и важноста на контролата и превенцијата – нагласи денеска градоначалничката Арсовска.

Секоја институција и правно лице неопходно е да направат исчекор во овозможување овие прегледи да станат дел од задолжителните редовни здравствени прегледи, со што како и во нашата институција ќе се помогне на голем број жени за рана детекција и превенција од заболување од рак на дојки.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
