Соопштение за јавност 26.4.2024
Градоначалничката Данела Арсовска со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ и АД Стопанска банка Скопје во заедничка еко акција засадија 180 дрвја на булеварот 8 Септември во општината Карпош.

Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на зазеленување со дрвја и садници на целата територија на градот, со цел уредување нови зелени површини, како еден од приоритетите од програмата за Модерно Скопје. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувувањето на здравјето на луѓето. Општествено одговорните компании со еко заложби и континуирана поддршка учествуваат во зазеленувањето на јавните површини во Скопје, со цел заштита и унапредување на животната средина.

Во текот на изминатиот период, градоначалничката Арсовска заедно со ученици од скопските средни училишта засадија над 1000 дрвја и садници во парк шумата Гази Баба и Водно, а се реализираше и голема акција за садење и уредување на зелените коридори по скопските булевари.


- ВЕСТИ
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
- 18.08.2025 - Тeрестрично прскање против комарци во Скопје
- 18.08.2025 - Соопштение за јавност
