Соопштение за јавност 20.9.2024
Почитувани,
На Форумот за родова еднаквост во рамки на Берлинскиот процес 2024 година, Градоначалничката на Град Скопје ги презентираше препораките од име на NALAS Форумот на жени градоначалнички од Југоисточна Европа во Германско сојузно министерство за економска соработка и развој. NALAS Форумот на градоначалнички кој е формиран со поддршка на UN Women обединува жени градоначалнички од 12 држави од Југоисточна Европа.
Препораките кои од Форумот кои ќе се достават до Самитот на Берлинскиот процес на ниво на шефови на влади и претставници на високо ниво на ЕУ вклучуваат:
• Воспоставување на платформа за политички дијалог помеѓу националните и локалните власти за да се гарантира пристап до интегративните и преговарачките процеси во ЕУ за да се обезбеди креираните политики да бидат родово сензитивни.
• Воспоставување регионален механизам за финансирање родово инклузивни иницијативи како форма на поддршка на локални политики. Преку ЕУ финансирани проекти поврзани со одржување на безбедноста и поттикнување мир, имплементација на стандардите за социјално осигурување, борбата против родовото насилство и затворање на родовите јазови на пазарот на трудот, се прави чекор кон остварување резултати.
• Да се обезбеди поддршка за мрежите на жени градоначалници на национално и регионално ниво за да се олесни соработката и да се промовира дипломатијата предводена од жени лидери на локално ниво, како форма на афирмација на мерките кои обезбедуваат застапеност на жените во политичките и економските одлуки.
Форумот заврши со заклучоци за заедничката визија за унапредување на регионалната соработка, забрзување на интеграцијата во ЕУ и зајакнување на родовата еднаквост низ Западен Балкан. Клучните препораки се доставуваат до Самитот на Берлинскиот процес на ниво на шефови на влади и претставници на високо ниво на ЕУ.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност