Град Скопје дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз 26.5.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со 30 градоначалници од светот, дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз, најголемиот настан кој ги обединува иноваторите, инвеститорите, лидерите и креаторите на политики, ориентирани кон заеднички конкретни акции за справување со глобалните предизвици, од кој произлегуваат решенија и конкретни мерки за заштита на животната средина.
Меѓународниот самит „ChangeNOW“ е еден од најголемите глобални настани, каде што се развива програмата за одржливи градови. 30 градоначалници од светот имаа можност да се запознаат со најновите иновации за справување со урбаните предизвици, како и да разменат добри практики и позитивни искуства за креирање паметни и одржливи градови, преку експертски работилници и билатерални состаноци.
На самитот градоначалниците имаат можност да идентификуваат конкретни решенија кои се однесуваат на потребите и интересите на градот, како решенија за биоотпадот, зелената и урбана мобилност, преку размена на искуства и споделување на најдобрите практики и механизми за нивна имплементација на локално ниво.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
