Во тек е аплицирањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје 26.6.2023

Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје.

Со цел поттикнување на развојот на традиционалните занаети преку субвенционирањето на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територија на градот Скопје, преку Програмата на активностите од областа на локалниот економски развој на подрачјето на Град Скопје за 2023 година во Буџетот на Град Скопје предвидени се средства во висина од 1.000.000,00 денари.

Паричната субвенција изнесува 10.000 денари по апликант.

Право на учество на јавниот повик имаат: Занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година; и Занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, и тоа следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија.

За потребни документи за пријавување, како и за субвенционирањето на трошоците повеќе детали се објавени во јавниот повик како и на линкот https://skopje.gov.mk/media/9773/javen-povik-za-subvencii-za-zanaetgii-2023.pdf , а информации може да се добијат и во Секторот за локален економски развој, на телефон (02) 3297-284 или на e-маил адресата Biljana.Stojmanovska@skopje.gov.mk .

Барањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје со комплетна документација треба да се достави во затворен плик на адреса: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. “Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 01.12.2023 година.

Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот ,,Прв дојден прв услужен”.

Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна.