Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид 26.11.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во средното училиште „Михајло Пупин“ ги отвори меѓународните турнири во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет и во голбал за лица со оштетен вид.
Во поздравното обраќање, градоначалничката Арсовска истакна дека Градот Скопје е поддржувач на многубројните активности на здруженијата на лица со телесен инвалидитет и со оштетен вид во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање.
- Градот Скопје е силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост. Поддршката на здруженијата на лица со телесен инвалидитет и со оштетен вид во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање е еден од приоритетите во мојата програма. Работиме на подобрување на квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. Многу е важно спортистите со телесна инвалидност да вежбаат и да тренираат, да се дружат и социјализираат и да се дел од спортскиот живот на Скопје – рече Арсовска.
Меѓународниот турнирот во пинг-понг за спортисти со телесен инвалидитет е во организација на Здружението Мобилност Скопје, а меѓународниот турнир во голбал е во организација во организација на Спортско здружение на слепи и слабовидни ФЕНИКС од Скопје.
На турнирите учествуваат спортисти од Република Македонија и од неколку соседни држави. Град Скопје двата меѓународни турнира финансиски ги поддржува.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност