ГРАДОТ СКОПЈЕ НАБАВИ НОВИ СПЕЦИЈАЛНО АДАПТИРАНИ ВОЗИЛА ЗА ДЕЦА И ЛИЦА СО ПОТЕШКА ТЕЛЕСНА ИНВАЛИДНОСТ 17.11.2023
Градот Скопје набави нови специјално адаптирани моторни возила, со цел да се олесни движењето на децата и лицата со потешка телесна инвалидност и со кои во голема мера ќе се олесни нивното секојдневие, што претставува реализација на уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје“.
- Посветено работиме Скопје да биде град на грижа, град кој промовира инклузивност и безбедност за сите негови жители преку системски, сеопфатни и иновативни програми од сферата на социјалната грижа. Скопје мора да биде град кој гарантира квалитетен живот за своите граѓани од најраното детство, па се до староста. Набавката на овие нови возила е само уште еден доказ за нашите напори да обезбедиме што подобри услови за живот на сите наши сограѓани, а особено на лицата со попреченост. Наша должност е во рамки на нашите можност да делуваме сите да можат активно да се вклучат во општествените процеси. Скопје е град на солидарноста, хуманоста и грижата, а со нашите секојдневни напори се обидуваме да направиме се што можеме за лицата на кои тоа им е најпотребно - истакна градоначалничката Арсовска, на промоцијата на новите возила.
Новите возила се посебно адаптирани со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и друга опрема која осигурува безбеден превоз на корисниците.
Возилата ќе бидат предадени на користење на ЈСП Скопје кое го врши организираниот бесплатен превоз за лицата со потешка инвалидност во Скопје, со што сега на располагање ќе бидат вкупно 11 адаптирани возила.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност