Соопштение за јавност 07.11.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска присуствуваше на одбележувањето на патронатот на средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“.

- Навистина е убаво да се види еден компактен колектив, наставен кадар кој на нашите ученици им пренесуваат знаење и позитивно влијаат на младите не само во образовниот туку и во воспитниот процес. Нема поубаво нешто за вас присутните родители денес, од тоа кога сте сведоци дека вашите деца се градат во успешни идни професионалци кои се движат кон иднина базирана на знаење, што е одликата на ова средно училиште на Град Скопје - истакна градоначалничката Арсовска.

Градоначалничката Арсовска во обраќањето истакна дека спојот на повеќејазични паралелки, спојот на гимназиско и стручно образование, како и фактот што интересот за стручното образование во однос на гимназиското се зголемува, е индикатор за важноста на дуалното образование.

Градоначалничката го изрази своето уверување дека стручното средно образование и техничките струки се иднината која може да ги изгради нашите млади во професионалци, кои ќе ја сакаат сакаат својата работа и ќе бидат барани и добро платени на пазарот на трудот.

Училиштето и учениците на скопското средно училиште во чест на патронатот подготвија и изведоа богата културно уметничка програма составена од рецитали, драматизација на тема Патуваме и учиме, хорски и музички изведби.

- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
