Започна изградбата на фекалниот колектор од населбата Гази Баба до натпатникот кај клучката Континентал 28.7.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација Драган Илиевски, извршија увид во отпочнувањето на градежните работи за изградба на фекален колектор од населбата Гази Баба во Чаир до натпатникот кај клучката Континентал, по крак на Александар Македонски.

Со реализација на овој проект најавуван уште во 2015 година, трајно се решава пренасочување на секундарната фекална канализација од атмосферскиот колектор и одведување на отпадните фекални води од улицата „155“, месните заедници „Томе Стефановски Сениќ“ и „Бајрам Шабани“.

Проектот се реализира во рамки на стратегијата за подобрување на условите на инфраструктурата во сите градски населби и како исполнување на ветениот проект од програмата За модерно Скопје, за сите негови граѓани.

- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
