Град Скопје започна со реконструкција на улицата „Столтенбергова“ во Градскиот парк 13.10.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улица „Столтенбергова“ во Градскиот парк, која се реализира со меѓуопштинска соработка со Општина Центар.

- Станува збор за реконструкција на важна сообраќајница, која е во исклучително лоша состојба, а нејзината реконструкција е повеќе децениско барање не само на жителите на општината туку и на сите посетители на Градскиот парк -истакна градоначалничката Арсовска.

На потегот кој е предвиден за реконструкција ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а градежните работи на терен ги изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“.

- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
