Реконструкција на улицата „Тодор Александров“ 18.10.2022
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска го најави отпочнувањето на проектот за реконструкција на улицата ул. Тодор Александров која води кон Водно, каде едновремено се реконструира и системот за одводнување.

- Градот Скопје отпочнува со градежни работи на улицата ул. Тодор Александров која води кон Водно. Ова улица е во исклучително лоша состојба и како една од најфреквентните улици за жителите кои се движат кон врвот на Водно, барањето за нејзина реконструкција е истакната како децениски проблем за сите кои редовно транзитираат по оваа сообраќајница. Воедно барање за реконструкција истакнаа и голем број велосипедисти со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот при движење по коловозот. Улицата Тодор Александров целосно се реконструира на површина од 18.580 м2 на должина од 2820 метри, а воедно целосно се реконструира системот за одводнување, вклучително и нивелирање на шахти и сливници – изјави градоначалничката Арсовска на денешната прес конференција за медиумите.

- Градежните зафати на овој проект за реконструкција на улицата Тодор Александров ги изведува Јавното претпријатие Улици и патишта, а едновремено Јавното претпријатие Паркови и зеленила отпочнува со акција за зазеленување со нови садници, реконструкција на видиковци и еко урбана опрема на потегот кон Средно Водно.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
