Соопштение за јавност: ПОДИГНАТИ 170 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА ЧАИР 16.8.2024

ПОДИГНАТИ 170 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД  ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА ЧАИР
Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 170
кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопската
општина Чаир.
Активностите се реализираа на улицата Славеј планина - во непосредна
близина на скопското Теќе, на улицата Џон Кенеди, како и на булеварот
Втора македонска бригада.
Интервенирано е и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) - на
игралиштето спроти Амбасадата на САД, што веќе подолг период претставува
т.н. „црна точка“ каде што континуирано непрописно се одлага отпад на
јавни и сообраќајни површини.
По подигнувањето на отпадот, екипите на  ЈП Комунална хигиена-Скопје
извршија рачно миење на локациите.