Потпишан меморандум за соработка со НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ 13.10.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“, Насер Цури, денеска потпишаа Меморандум кој ќе овозможи соработка меѓу двете институции, како и координација, планирање и реализирање на заеднички проекти и активности од неколку области меѓу кои грижа за ранливите категории, култура и образование.

Соработката меѓу Град Скопје и НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ е одлична нова можност за реализација на бројни активности кои произлегуваат од Скопје Европска престолнина на културата 2028.

- Градот Скопје ја освои престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година, признание за целокупниот труд што го вложуваме и кое претставува извонредна можност за трансформација на нашиот град која ќе остави траен белег. Во периодот што е пред нас посветено ќе се работи на реализација на проектите од областа на културата, со градските и националните културни институции -истакна градоначалничката Арсовска.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
