Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје - Реакција за случувањата во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје 06.10.2023

Реакција за случувањата во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје

 

Почитувани,

 

Комисијата  за  унапредување  на правата на пациентите на Град Скопје,  на својата редовна  седница  одржана  на ден  30.09.2023 година,  ја разгледа состојбата во врска со основаните сомневања за злоупотреба на лековите за лекување на пацинети со малигни заболувања од страна на лица вработени во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје и го донесе следниот заклучок:

Сомневањата  за злоупотреба на лекувањето на најтешко болните пациенти од малигни заболувања со цел за криминална финансиска корист на поединци и органзирани групи вработени на Клиниката е најтежок вид на нарушување на правата на пациентите и воопшто на човековите права. Овие сомневања придонесоа за зголемена недоверба на пациентите и нивните семејства во квалитетот на нивното лекување не само на Клиниката туку воопшто.  Како Комисија, инсистираме за целосно, неселективно и трансперентно разрешување на оваа состојба од страна на Јавното Обвинителство, а следсетвено на тоа и судовите и поднесување на кривична, политичка и морална одговорност на лицата за кои ќе се докаже дека учествувале во овој криминал, како и за оние кои го знаеле, а го прикривале или не го пријавувале.

Со почит,

Претседател на Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје

Др.Никола Пановски