ИНФОРМАТИЧКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ФОКУСОТ НА ГРАД СКОПЈЕ - SKOPJE IT MEETUP И САЕМОТ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ГИ ОБЕДИНИ ИНОВАТОРИТЕ И МЛАДИТЕ 16.11.2023
Градоначалничката Данела Арсовска денеска присуствуваше на SKOPJE IT MEETUP и на САЕМ на претприемништво што се одржаа во просториите на средното училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“.

Градот Скопје на едно место собра амбициозните ентузијасти од технолошките струки, искусни професионалци и претприемачи визионери кои споделија искуства за важноста на дигиталните технологии, кои се привлечни за младите луѓе кои својата иднина ја гледаат во сферата на информатичката индустрија.

На панел дискусии беа претставени новитетите во ИТ сферата, а се разговараше и за примената на асистивната технологија, за подемот на гејминг индустријата, примената на UX/UI дизајнот и за дизајнирање на иновативен ИТ продукт.

Искусни инвеститори и претприемачи на панелот споделија искуства и совети за успешно инвестирање во иновации и стартапи, и за претприемништвото во образованието.

Градоначалничката Арсовска по завршувањето на панел дискусиите ги посети штандовите на ученичките компании коишто се претставија во рамките на Саемот за претприемништво. Целта на саемот е да ги претстави можностите за вработување пред младите и да ги поврзе работодавачите со потенцијалните нови вработени во нивните компании.
Младите луѓе присутни на ИТ настанот имаа можност да учествуваат и во три работилници – за развојни вештини, за UX/UI дизајн и за одржливи бизнис практики.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
